навигација

понуда General

Класично интернет рекламирање на HiBalkan

HiBalkan е првиот балкански клуб - тоа е веб сервис кој е наменет за сите кои сакаат да создадат свој простор на интернет и да го направат својот простор достапен за сите заинтересирани од целиот Балкан и пошироко - целиот сајбер простор.

Сервисот е организиран мултијазично на 8 јазици. Секој корисник пристапувајќи на сервисот ја отвора насловната страна на јазикот соодветен на земјата од која пристапил и има можност да го промени јазикот според своја желба.

Сервисот HiBalkan им овозможува на членовите на HiBalkan клубот да креираат свој мултимедијален профил во кој презентираат свое претставување преку есеј (текст), свои фотографии, своја музика, звучна порака, видео клип и блог. Комуникацијата помеѓу членовите на клубот HiBalkan се одвива на повеќе нивоа - електронска пошта, приватен разговор (1-1 Chat), Телефон (аудио комуникација во живо), Видео комуникација преку веб камера, Соби за разговор, игри и само на HiBalkan - преку 3D Chat.

Најголемиот дел од членовите на HiBalkan (85%) се млади на возраст помеѓу 15 и 24 години.

Поради сето ова, Вашата компанија може да има огромен интерес да се претстави пред корисниците на HiBalkan кои поминуваат релативно долго време при посетата на сајтот. Во иднина се очекува многу поголем дел од популацијата да користи интернет, со што интернет рекламирањето неминовно ќе стане дел од Вашата маркетинг стратегија. Нашите клиенти целосно се вклопуваат во Вашата целна група, па Вашето претставување на HiBalkan сигурно ќе Ви донесе значително поголем интерес на оваа група кон Вашата компанија.

Оваа понуда на Вашата компанија и овозможува избор од повеќе видови стратешко партнерство со сервисот HiBalkan кој ја доживува својата експанзија во Македонија, а наскоро незапирливо ќе се шири низ целиот Балкан.

    Вашата компанија како ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР на веб сервисот HiBalkan ДОБИВА

  • Целосен редизајн на сајтот во склад со препознатливиот дизајн, боите и логоата на Вашата компанија;
  • Главен банер на ударно место на насловната страна на HiBalkan со димензии 468x60;
  • Ударен голем банер со димензии 468x60 на секоја внатрешна страна;


Со надеж дека го најдовте својот интерес во оваа ексклузивна понуда и искрена желба за плодна и долготрајна соработка,

Тимот на HiBalkan - Ви посакува многу успех во Вашата работа!

Мартин Кироваков

e-mail: info@hibalkan.com
tel. +389 75 52 98 87; +386 40 126 267